МВР ФАТИ 4 ДЕЦА СО МАРИХУАНА И ЗАПИША 2 КАСНУВАЊА ОД КУЧЕ, ГАЗДАТА НА ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОТКРИЕ

    МВР ФАТИ 4 ДЕЦА СО МАРИХУАНА И ЗАПИША 2 КАСНУВАЊА ОД КУЧЕ, ГАЗДАТА НА ДИВОГРАДБАТА ПРЕД „МАВРОВКА“ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ОТКРИЕОбвинителот дал наредба и точни насоки за утврдување на идентитетот на тој што ги издигнал своеволно и нелегално столбовите пред трговскиот центар, а кое е кривично дело и се казнува со затвор (Фото: СДК.МК)

    И покрај наредбата на надлежен јавен обвинител, МВР не го открива мистериозниот сопственик на издигнатиот објект пред трговскиот центар „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје, изградена без градежна дозвола.

    САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Скопското јавно обвинителство до кај е истрагата и оттаму ни беше кажано дека надлежниот обвинител дал во полиција наредба со прецизни насоки за утврдување на сопственикот на дивоградбата. Во моментот кога МВР ќе постапи по наредбата, оттука продолжува Обвинителството, одговорија од ОЈО.

    Од борба против криминалот, според денешниот билтен на МВР, вчера биле фатени 4 деца и еден 34-годишник со марихуана и заведени се како настани две каснувања на граѓани од куче-скитник. Има и една сообраќајка на велешанец кој удрил со „југо“ во ограда и тешко се повредил. Друго сработено, нема.

    Општина Чаир тврди дека не знае кој е сопственикот на дивоградбата пред „Мавровка“. Сега распиша трет тендер за уривање, откако ниту една фирма претходно не се пријави на огласите. МВР треба да го открие идентитетот на сопственикот, со докази дека е тој, како што побарал обвинителот. Кога ќе го сторат тоа истражителите од МВР, ќе се открие и од кои причини ниту една фирма не се пријавува на тендерите за уривање, велат од Обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира