МВР ГО ОБНОВИ ВОЗНИОТ ПАРК СО 120 „ПЕЖОА“ ВРЕДНИ 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА, МИЦКОСКИ ПОСАКА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГИ КОРИСТИ ШТО ПОМАЛКУ

    МВР ГО ОБНОВИ ВОЗНИОТ ПАРК СО 120 „ПЕЖОА“ ВРЕДНИ 3,9 МИЛИОНИ ЕВРА, МИЦКОСКИ ПОСАКА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГИ КОРИСТИ ШТО ПОМАЛКУМицкоски рече дека посакува возилата да се користат што е можно поретко, бидејќи тоа би било јасен показател за намалување на стапката на криминал во земјата. (Фото: Влада)

    Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи.

    Понатаму, премиерот кажа дека посакува возилата да се користат што е можно поретко, бидејќи тоа би било јасен показател за намалување на стапката на криминал во земјата.

    „Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме ваков тип на проекти, затоа што цениме дека безбедноста и би рекол расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес. Така што, уште еднаш еве да им честитам, да им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние кои што го водат Министерството, на сите оние единици коишто учествуваат во овој проект и да посакаме, вака условно кажано, што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци“, изјави Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира