МВР ПОТРОШИЛО 1,9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИТНИ НАБАВКИ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС, ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ЗАЕДНО

    МВР ПОТРОШИЛО 1,9 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИТНИ НАБАВКИ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС, ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ЗАЕДНОМВР за ракавици платиле 9,32 денари за парче. (Фото: Фејсбук)

    Вредноста на договорите со директни преговори без објавување на оглас за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот, надмина 3,2 милиони евра, а од таа сума, 1,9 милиони евра отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи, покажа третиот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот на Центарот за граѓански комуникации.

    Во случајот на МВР, станува збор за шест договори за набавка на маски, ракавици, очила, комбинезони и средства за дезинфекција.

    Како што се вели во извештајот, во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените, а најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од најевтини 2,83 до најскапи 9,32 денари за парче, колку што платило МВР со рамковна спогодба во времетраење од 3 месеци.

    „За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач”, се вели во извештајот.

    Преку директни преговарања без претходно објавување оглас се склучени 142 договори.

    По МВР, Министерство за здравство е на второто место според потрошените пари, со 14 договори од вкупно 321.081 евра.

    Дополнително на 142-та договори, објавена е и уште 51 одлука за избор на најповолен понудувач, во вкупна вредност од 701.230 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира