МВР ТРГНУВА ПО СЕАД КОЧАН, ГО ДОБИЛО БАРАЊЕТО ОД СУДОТ ДА ГО ПРИВЕДЕ И СПРОВЕДЕ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МВР ТРГНУВА ПО СЕАД КОЧАН, ГО ДОБИЛО БАРАЊЕТО ОД СУДОТ ДА ГО ПРИВЕДЕ И СПРОВЕДЕ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА

    Министерството за внатрешни работи го добило барањето на Основниот суд Скопје 1 за лишување од слобода и спроведување во притвор во затворот во Шутка на Сеад Кочан, првоосомничен во истрагата „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

    “МВР го доби барањето од Судот и постапува по него“, е кусото известување кое штотуку стигна до САКАМДАКАЖАМ.МК.

    СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Покрај Кочан, осомничен е и Василије Авировиќ, синот на пратеничката од Социјалистичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ. За него СЈО побара и судијата на претходна постапка одобри мерки на претпазливост.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира