МВР ВЕЛИ ДЕКА НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ Е УАПСЕН ЗАШТО НАПАДНАЛ СПЕЦИЈАЛЦИ НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

    МВР ВЕЛИ ДЕКА НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ Е УАПСЕН ЗАШТО НАПАДНАЛ СПЕЦИЈАЛЦИ НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРПринтскрин од видео од апсењето на новинарот Фуркан Салиу.(Фото: ИН7)

    По апсењето на новинарот Фуркан Салиу попладнево во скопското село Коњаре, Министерството за внатрешни работи соопшти дека Салиу и уште едно лице нападнале припадници на Единицата за брзо распоредување за време на фудбалскиот натпревар БФК Коњаре-Куманово. Од МВР велат дека двајцата биле приведени, а уште едно лице е приведено за учество во тепачка.

    Дополнително, околу еден час подоцна, при преглед на возило во сопственост на Салиу, во кое биле други две лица, пронајден е пиштол, велат од полицијата.

    „Денеска (07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК БВК Коњаре и ФК Куманово, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило Дачија дастер, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

    Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) побараа Салиу да биде пуштен слобода, случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира