НА БУГАРИЈА Ѝ ПРЕЧИ ШТО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРАВАТ СПОРЕДБИ МЕЃУ РУСКАТА АГРЕСИЈА НА УКРАИНА И БУГАРСКИТЕ УЦЕНИ КОН МАКЕДОНИЈА

    НА БУГАРИЈА Ѝ ПРЕЧИ ШТО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРАВАТ СПОРЕДБИ МЕЃУ РУСКАТА АГРЕСИЈА НА УКРАИНА И БУГАРСКИТЕ УЦЕНИ КОН МАКЕДОНИЈАБугарската министерка Теодора Генчовска и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов при посета на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарското министерство за надворешни работи денеска објави соопштение во врска со некакви наводни „провокативни и злонамерни антибугарски коментари од страна на политичари и општественици од Република Северна Македонија во последните неколку дена“ и во кое изразуваат „загриженост дека се води злонамерна кампања против земјата со цел распалување на антибугарски чувства“.

    За бугарското МНР било загрижувачки што се правеле „обиди за намерна злоупотреба со трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија“

    Од бугарското МНР изразуваат загриженост за евентуално негативно одразување на оваа наводна кампања врз, како што велат тие, позитивните тенденции на политичкиот дијалог во последните месеци.

    Бугарија, како што е наведено во декларациите на бугарскиот парламент и на бугарската влада од октомври 2019 година, вели дека македонскиот јазик не постои и е само дијалект на бугарскиот и дека до 1944 година двете земји имале заедничка историја. Дополнително, Бугарија бараше Македонија да испрати нота до Обединетите Нации дека нема територијални претензии кон Бугарија, нешто што се случи по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје во јануари.

    Бугарија го условува почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија со прифаќање на бугарските уцени од декларацијата на бугарскиот парламент.

    За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, оправдувајќи ја својата инвазија на Украина, кажа дека Ленин за формирал Украина и со тоа ја обесправил Русија. Украина е дел руската историја, додаде Путин. Русија, исто така, бара од Украина гаранции за неутралност.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира