НА ДЕЛ ОД ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ, ЌЕ ИМ ПЛАЌАМЕ ДООБУКА ЗА ПРИВАТНИ КОМПАНИИ, КАЖА ЗАЕВ

    НА ДЕЛ ОД ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ, ЌЕ ИМ ПЛАЌАМЕ ДООБУКА ЗА ПРИВАТНИ КОМПАНИИ, КАЖА ЗАЕВ„Ако оценката од ЕУ е позитивна и почнеме претпристапни преговори, односно отвориме поглавје 23 или 24, тогаш ќе има зголемување на платите во јавната администрација од септември в година,ако не - нема да има - Заев и министерот Дамјан Манчевски - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека на дел од јавната администрација ќе ѝ се заблагодарат, но дека ќе ѝ дадат можност да се преквалификува за да може да ја понудат во приватните компании. Тој ова го кажа на презентација на буџетот за 2019 година во Стопанската комора, каде најави дека преку Агенцијата за вработување на компаниите ќе им понудат да ги земат дел од вработените во јавната администрација на преобука, а за тоа време додека трае обуката државата да обезбедува плати.

    „Преку програмите на Агенцијата за вработување ќе им понудиме на приватните компании да преземат дел од јавната администрација, при тоа да им обезбедат соодветна обука, а ние сме спремни од 6 месеци до една година да им обезбдеиме плати додека трае обуката. Но, при тоа приватната компанија да гарантира дека по завршување на процесот на обука ќе го вработи адмимистративецот. Политиката која досега се водела има негативен удел во пополнувањето на јавната администрација. Мора да ја средиме јавната администрација, која е гломазна и неефикасна“, кажа Заев.

    Тој рече дека најавеното зголемување на платите од пет отсто за јавната администрација е планирано за септември, бидејќи во јуни завршуваат контролите од Европската унија.

    „Ако оценката е позитивна и почнеме претпристапни преговори, односно отвориме поглавје 23 или 24, тогаш ќе има зголемување на платите во јавната администрација, ако не – нема да има“, рече Заев.

    Тој кажа дека од вкупно невработените во земјава има 110.000 активни баратели на работа, додека останатите се пасивни или се пријавуваат за невработени само поради здравственото осигурување.

    „На овие баратели на работа ќе им се понуди работа до три пати, ако одбијат и по третиот пат, ќе бидат избришани од списокот. При тоа ќе им понудиме преку активните мерки за вработување и дообука според она што го бараат компаниите“, рече Заев.

    Дел од бизнис заедницата забележа дека ѝ покрај најавите за дообуки и промени во образовниот систем што ги најави премиерот, пазарот на труд не функционира.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира