НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, АМБАСАДОРИТЕ БЕЈЛИ И ПЛОМП ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ГЛИГОРОВ И ТРАЈКОВСКИ

    НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, АМБАСАДОРИТЕ БЕЈЛИ И ПЛОМП ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ГЛИГОРОВ И ТРАЈКОВСКИАмбасадорите Џес Бејли и Воутер Пломп на гробиштата во Бутел (Фото: Твитер)

    Американскиот амбасадор Џес Бејли и неговиот холандски колега Воутер Пломп утринава го одбележаа 8 Септември, Денот на независноста, со положување цвеќе на гробовите на поранешните македонски претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата во Бутел.

    „27 години независна Македонија: со положување цвеќе оддадовме почит на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски“, твитна холандскиот амбасадор Пломп, а слична порака на социјалната мрежа имаше и Бејли.

    Глигоров беше првиот претседател на Република Македонија, а беше избран од Собранието на 27 јануари 1991 година. На претседателските избори во октомври 1994 година го освои вториот мандат. Почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

    Трајковски беше избран на претседател на изборите во ноември 1999 година. Загина во авионска несреќа близу Мостар на 26 февруари 2004 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира