НА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ СО 18 ГОДИНИ ИМ ДАВАЛЕ ПАРИ ДА ГЛАСААТ ЗА ГРУЕВСКИ, ОТКРИВААТ РАЗГОВОРИТЕ НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ДОМОТ ЗА ШТИТЕНИЦИ

    НА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ СО 18 ГОДИНИ ИМ ДАВАЛЕ ПАРИ ДА ГЛАСААТ ЗА ГРУЕВСКИ, ОТКРИВААТ РАЗГОВОРИТЕ НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ДОМОТ ЗА ШТИТЕНИЦИ„Викни ги директорките на 'Песталоци' и на 'Коле Неделковски'. Прво да дадат по 20 души гласачи, второ, да одат од врата до врата", наредувал Јанакиески по телефон за локалните избори во 2013 (Фото: К. Попов)

    Миле Јанакиески, обвинет за злосторничко здружување и изборни нерегуларности во големиот случај на СЈО „Титаник“, во телефонски разговор со директорка на дом за деца без родители заедно пребројуваат колку од штитениците направиле 18 години и стекнале право на глас.

    „Две деца имаме со лични карти, тие ќе гласаат. Имаме уште две што во меѓувреме станаа полнолетни. Викаат: Ќе гласаме за Груевски, така викаат. Уште 2 имаме во Виница, три полнолетни во Куманово и едно во Гостивар“, му вели директорката на Миле Јанакиески, кој во 2013 година беше министер за транспорт и врски во владата на Никола Груевски.

    Тој одговара: „Кажи им нека дојдат со сметките, ќе им рефундираме“.

    Во друг разговор на непознат соговорник Миле му вика:

    „Викни ги директорките на ‘Песталоци’ и на ‘Коле Неделковски’. Прво да дадат по 20 души гласачи, второ, да одат од врата до врата“.

    Во бомбите што се пуштаат во Основниот суд Скопје 1, се слуша како течат подготовки за локалните избори во 2013 година.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира