НА ДЕТСКА КЛИНИКА ДОНЕСЕНО НАПУШТЕНО БЕБЕ, ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА МУ Е ДОБРА

    НА ДЕТСКА КЛИНИКА ДОНЕСЕНО НАПУШТЕНО БЕБЕ, ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА МУ Е ДОБРА„Новороденчето е згрижено на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаи“, соопшти Клиниката за детски болести. (Фото:СДК.МК)

    Клиниката за детски болести соопшти дека вчера кај нив со возило на Итна медицинска помош било донесено напуштено бебе.

    „На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во една скопска населба. Се работи за машко новороденче, со родилна тежина 2.400 грама. Новороденчето е згрижено на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, преземени се сите неопходни мерки во вакви случаи“, соопшти Клиниката за детски болести.

    Директорката на Клиниката за детски болести д-р Катерина Ставриќ рече дека новороденчето е згрижено на одделот за неонатологија и дека е во добра здравствена состојба.

    „Го донеле од Итна медицинска помош, штотуку родено. Информирани се центрите за социјална работа и полицијата“, вели Ставриќ.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира