НА ДВЕ ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА ИМ Е ПРИВРЕМЕНО ЗАБРАНЕТО ДА ОДОБРУВААТ КРЕДИТИ И ИМ СЕ ИЗРЕЧЕНИ ГЛОБИ ПО ВОНРЕДНИОТ НАДЗОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

НА ДВЕ ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА ИМ Е ПРИВРЕМЕНО ЗАБРАНЕТО ДА ОДОБРУВААТ КРЕДИТИ И ИМ СЕ ИЗРЕЧЕНИ ГЛОБИ ПО ВОНРЕДНИОТ НАДЗОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИOд јули 2024 година досега, на 18 друштва им се изречени глоби во вкупен износ од 3.040.323 денари, односно околу 49.400 евра. (Фото: СДК.МК)

Министерството за финансии им изрече 30-дневна забрана за одобрување кредити и парични глоби на две финансиски друштва, по вонредниот надзор спроведен во последните три месеци врз основа на пријави од граѓани.

Од Министерството соопштија дека континуирано го следат работењето на финансиските друштва преку вонтеренски и непосредни контроли, при што особено внимание се посветува на претставките од корисниците на финансиски услуги. Секоја доставена пријава се разгледува во рамките на законските надлежности и по неа се преземаат соодветни мерки.

Оттаму ги повикуваат граѓаните кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности да поднесат пријава преку архивата на Министерството, по пошта на адресата ул. Даме Груев бр. 12 во Скопје или на електронската пошта [email protected].

Според податоците на Министерството, од јули 2024 година досега на финансиските друштва им се одземени четири дозволи за работа, три се привремено затворени, а на 18 друштва им се изречени глоби во вкупен износ од 3.040.323 денари, односно околу 49.400 евра. Дополнително, издадени се и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира