Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на денешната седница. Исто така, во затворениот и во отворениот дел од објектот, може да има најмногу 50% од капацитетот на објектите.
За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.
И натаму, во кафеаните може да се влезе само со сертификат за ковид вакцинација.
Во земјава до вчера активни се 6.759 болни од ковид.