На гаражното место на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се најдени оставени импровизиран кревет и кујнскиот нож. Станува збор за подземна гаража на зграда во скопската општина Центар.
Од МВР велат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Вчера во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.