НА ГРУЕВСКИ МУ ЗАСТАРЕ ДЕЛОТО ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ, ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ГИ ПЛАТИ СУДСКИТЕ ТРОШОЦИ

    НА ГРУЕВСКИ МУ ЗАСТАРЕ ДЕЛОТО ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ, ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ГИ ПЛАТИ СУДСКИТЕ ТРОШОЦИПоранешниот премиер Никола Груевски е правосилно осуден во „Тенк“, а обвинет е уште во четири тековни судски процеси. - Никола Груевски пред Кривичниот суд (архивска фотографија)

    Азилантот во Унгарија Никола Груевски нема да одговара за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во предметот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати поради застареност на делото. Максималната казна за ова кривично дело е три години затвор, а од делото за кое се товари во обвинението, поднесено од СЈО во јуни 2017, се поминати шест години.

    Кривичниот суд утринава донесе ваква одлука на барање на одбраната, а државата ќе треба да му ги надомести судските трошоци.

    Во „Траекторија“, обвинети се уште поранешните министри Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, како поранешниот директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување и за нив судењето продолжува.

    Поранешниот премиер Груевски е правосилно осуден во „Тенк“ на две години затвор за истото кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Во „Титаник“ е обвинет за три кривични дела: Злосторничко здружување, Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и Повреда на избирачкото право, затворска казна од најмалку три години. Во „ТНТ“ е обвинет за кривичното дело Злоупотреба на службената положба. Во „Насилство во Општина Центар“ е обвинет за кривичното дело „Насилство“. Во „Талир“ е обвинет за Злоупотреба на службената положба и овластувања и Перење пари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира