НА ГРУЕВСКИ СКАЛЕСТО ЌЕ МУ СЕ НАМАЛУВА ПЛАТАТА ЗА 5 ОТСТО ЗА СЕКОЈ ДЕН НЕОПРАВДАНО ОТСУСТВО ВО СОБРАНИЕТО

    НА ГРУЕВСКИ СКАЛЕСТО ЌЕ МУ СЕ НАМАЛУВА ПЛАТАТА ЗА 5 ОТСТО ЗА СЕКОЈ ДЕН НЕОПРАВДАНО ОТСУСТВО ВО СОБРАНИЕТОВо собранискиот Деловник нема предвидено механизам за казнување кога пратеник е во бегство. - На седницата кога се носеше Законот за употреба на јазиците на 14 март годинава, Никола Груевски му застана на патот на Џафери додека спикерот ја напушташе собраниската сала (Фото: СДК.МК)

    Осудениот пратеник Никола Груевски платата за секој ден неоправдано отсуство од Собранието ќе му се намалува за 5 отсто за секој неоправдан ден. Досега во Собранието, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш со допис го известувала претседателот на Собранието дека Груевски за оправдано отсутен од седница. И на денешната седница Груевски беше пријавен како оправдано отсутен, пред тој да напише на Фејсбук дека е во Будимпешта.

    Осудениот експремиер Никола Груевски денес напиша на Фејсбук дека се наоѓа во Будимпешта и побарал политички азил од унгарските власти.

    „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на Фејсбук страна на која Груевски и порано се има јавувано со лични статуси.

    Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека работи на верификација на информацијата дека Груевски е во Унгарија.

    „Во врска со наводната информација објавена на фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“, соопшти МНР.

    Според собранискиот Деловник. Пратеник кој не го известил претседателот на Собранието дека е спречен да присуствува на седница, и неоправдано отсуствува три дена едноподруго, му се одбива 5 отсто од плата за секој ден отсуство.

    Собранискиот Деловник вели дека пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата.

    Претседателот на Собранието го повикува и го информира пратеникот кој три пати едноподруго не присуствувал на седниците, а не го известил претседателот на Собранието за своето отсуство.

    За секое натамошно неоправдано отсуство, претседателот на Собранието го опоменува пратеникот и за тоа ја известува Комисијата за прашања на изборите и именувањата и координаторот на пратеничката група.

    На пратеникот кој отсуствува најмалку три пати едноподруго од седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, му се одбива 5 отсто од платата за секој ден отсуство, за што одлука донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

    За присуство на седниците, се води евидентен лист, за кој се грижи генералниот секретар на Собранието, кој на крајот од работниот ден му се предава на претседателот на Собрание.

    За редовноста на пратениците, претседателот на Собранието го известува Собранието, на секои шест месеца.

    Во Деловникот за одземање на пратенички мандат е предвидено и во случај кога пратеникот неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца. Во тој случај, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.

    По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

    Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

    Собранието на 7 ноември не му го одзеде пратеничкиот мандат на Никола Груевски бидејќи немаше двотретинско мнозинство (80) за одземање на мандатот.

    Во собранискиот Деловник нема предвидено механизам за казнување кога пратеник е во бегство.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира