НА КАТИЦА ЈАНЕВА Ѝ СЕ СЛОШИ, СЕДНИЦАТА НА КОМИСИЈАТА ПРЕКИНАТА

    НА КАТИЦА ЈАНЕВА Ѝ СЕ СЛОШИ, СЕДНИЦАТА НА КОМИСИЈАТА ПРЕКИНАТА

    Седницата на собраниската Комисија за политички систем, на која втор ден се расправаше за извештајот за работата на СЈО е прекината, бидејќи на специјалната обвинителка Катица Јанева ѝ се слоши.

    За време на излагањето на пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски, Јанева му се пожали на претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев дека не се чувствува добро, по што тој предложи пауза од 7.30 до 8.30 часот. Сепак, таа не ја дочека паузата и излезе од салата, велејќи „мене не ми е добро“.

    Претходно, таа неколку пати пиеше вода и сокови, а пратениците кажаа дека побарала и шеќер. Откако ја напушти салата, Јанева седеше 15-тина минути во фоајето пред пленарната сала, сама со собраниското обезбедување, по што дојде обезбедувањето од тимот на СЈО и си замина со нив.

    Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев ја презакажа седницата за утре во 13 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира