Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членови на Судскиот совет, дојдоа утринава на колегиумот во Апелациониот суд, свикан итно откако синоќа шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска му испратила смс порака со заканувачка содржина на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Според нашите извори, на колегиумот се договара содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од заканувачката смс порака, која содржела и недолични зборови.
Русковска, револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.
С. К. ДЕЛЕВСКА