НА ОЛИМП ЗАГИНА МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАР

    НА ОЛИМП ЗАГИНА МАКЕДОНСКИ ПЛАНИНАРНа Олимп планинарела македонска група од околу девет лица, а на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија. (Фото: Википедија)

    Македонски планинар загина на планината Олимп во Грција откако паднал во провалија, најверојатно затоа што претходно му се слошило, јави државната агенција МИА.

    На Олимп планинарела македонска група од околу девет лица, а на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија. Телото од провалијата најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него. Обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта, јави дописничката на МИА од Атина.

    14 пожарникари од специјалната спасувачка единица на противпожарната служба од Литохоро интервенирале во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира