ЗА ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ПОТРЕБНИ СЕ 904.066 ГЛАСОВИ, НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ДЕНЕСКА ГЛАСААТ 1.808.131 ИЗБИРАЧ

    ЗА ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ПОТРЕБНИ СЕ 904.066 ГЛАСОВИ, НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ДЕНЕСКА ГЛАСААТ 1.808.131 ИЗБИРАЧВториот круг е закажан за 5 мај, а за претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите ако на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи. - Жена поминува покрај излог во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

    Уставот предвидува ако во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг да одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови. Вториот круг е закажан за 5 мај, а за претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите ако на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Ако не биде исполнет цензусот во вториот круг, се повторува целата изборна постапка.

    Претседателот има мандат од пет години, а исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

    Граѓаните денеска бираат меѓу тројца кандидати: Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Победникот ќе биде петтиот претседател, по Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

    Вчера гласаа болните и немоќните лица, дијаспората и затворениците.

    Гласачките места денеска се отворени до 19 часот.

    М.ИЛИОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари