НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГЛАСАЛЕ 666.743 ГРАЃАНИ,„ЗА“ ГЛАСАЛЕ 609.813, „ПРОТИВ“ 37.700

    НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГЛАСАЛЕ 666.743 ГРАЃАНИ,„ЗА“ ГЛАСАЛЕ 609.813, „ПРОТИВ“ 37.700На прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 609.813 граѓани, или 91,46 отсто а „против“ гласале 37.700 илјади граѓани или 5,65 отсто. Неважечки ливчиња се 19.221.(Фото: К.Попов)

    Вкупно 666.743 граѓани или 36,91 отсто гласале на вчерашниот референдум од запишаните 1.806.336 гласачи на Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија(ДИК).

    На прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 609.813 граѓани, или 91,46 отсто а „против“ гласале 37.700 илјади граѓани или 5,65 отсто. Неважечки ливчиња се 19.221.

    Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека според конечните резултати, одлуката на референдумот не е усвоена бидејќи на референдумот не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список, или 903.169

    Извештајот од ДИК за референдумот ќе биде објавен во „Службен Весник“ во рок од 15 дена, а ќе биде пратен до Собранието и објавен на веб страната на ДИК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира