НА СВАДБА Е ЗАБРАНЕТО ГУШКАЊЕ И БАКНУВАЊЕ, ИГРАЊЕ МОЖЕ НА ДАЛЕЧИНА, А МУЗИЧАРИТЕ НЕ СМЕЕ ДА ПЕАТ МЕЃУ ГОСТИТЕ, ВЕЛИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЕСЕЛБИ

    НА СВАДБА Е ЗАБРАНЕТО ГУШКАЊЕ И БАКНУВАЊЕ, ИГРАЊЕ МОЖЕ НА ДАЛЕЧИНА, А МУЗИЧАРИТЕ НЕ СМЕЕ ДА ПЕАТ МЕЃУ ГОСТИТЕ, ВЕЛИ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЕСЕЛБИСвадбите, крштевките и веселбите во угостителските објекти беа забранети од 23 јуни лани. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Гостите на свадбите не смеат да се поздравуваат ниту гушкаат ни при пречекот, ниту за времетрање на свадбата, а музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите, стои меѓу другото во протоколот за организирање свадби, веселби и прослави.

    Владата на синоќешната седница донесе повеќе одлуки, меѓу кои и дека се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица. Свадбите, крштевките и веселбите во угостителските објекти беа забранети од од 23 јуни лани .

    Во протоколот кој беше денес претставен се наведени повеќе правила како:

    • Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.
    • Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.
    • На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
    • Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
    • Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.
    • Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
    • Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
    • Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.
    • Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
    • Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
    • Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.
    • На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет.
    • При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.
    • Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .
    • Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
    • Не е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
    • По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира