Поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски денеска е приведен на граничниот премин „Табановце“, објави „360 степени“.
Даравелски беше осуден во отсуство во 2007 година за Злоупотреба на службената положба и овластувања и се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.
Од полицијата за „360 степени“ велат дека ќе биде пренесен во затвор.
Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.