НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА СО СААТИ ОТИ ИМА КОНТРОЛИ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО СРБИЈА

    НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА СО СААТИ ОТИ ИМА КОНТРОЛИ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО СРБИЈАгужвите се зашто има засилени контроли поради опасност од терористички напади во Србија, по саботниот напад врз израелската амбасада во Белград. (Фото: Архивска фотографија)

    Од викендов, на граничниот премин (ГП) Табановце на границата со Србија има колони возила и се чека со саати. Патници за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека вчера попладне чекале 4 саати за влез во земјава од Србија. Гужви и километарски колони имаше и од утрово за влез од Србија во Македонија.

    Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека гужвите се зашто има засилени контроли поради опасност од терористички напади во Србија, по саботниот напад врз израелската амбасада во Белград.

    „Зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија. граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација, со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, велат од МВР.

    Во саботата,  25-годишен српски конвертит во ислам со самострел го рани во вратот припадникот на жандармеријата во напад пред израелската амбасада во Белград. Нападнатиот полицаец го застрела напаѓачот, две лица се во притвор, а Србија нападот го смета за „целен терористички напад“, го подигна нивото на безбедност и сите единици на српското МВР се ставени на повисоко ниво на готовност.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира