НАД 2.500 ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО ОСТАВЕНИ БЕЗ ЛЕКАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 2.500 ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО ОСТАВЕНИ БЕЗ ЛЕКАР

    Пренатрупаниот затвор Идризово, кој последнава година брои меѓу 2.300 и 2.600 затвореници, оставен е без лекар, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Единствената лекарка во затворот, која работеше само прва смена, е на боледување, а замена на нејзиното место не е испратена.
    Затворениците кои се јавија во нашата редакција велат дека се оставени без леакрска грижа. Здравствените проблеми на осудениците се решаваат или никако, или со интервенција на Брзата помош, која ретко се повикува од затворските служби, а ако биде повикана, прво прави проценка дали да дојде. Како што тврдат соговорниците кои контактираа со САКАМДАКАЖАМ.МК, Брзата помош доаѓа многу ретко, кога некој од затворениците влегува во критична фаза.
    Од Управата за извршување санкции не добовме одговор кога и како ќе го решат проблемот со немање затворски лекар.
    За катастрофалниот задравствен систем во затворите, особено во најголемиот затвор, КПУ Идризово кој има капацитет само за 700 осуденици, постојано предупредуваат и алармираат Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи. Омбудсманот праќа извештај и до Обединетите нации, а Комитетот за тортура постојано ја предупредува Република Македонија за нехуманиот третман на осудените лица, особено за делот со здравствената заштита во казнено-поправните установи.
    Минатата година во септември во Идризово почина 25-годишен осуденик, а годинава во Ургентниот центар на Скопските клиники осудено лице на 29-годишна возраст.
    Неславен рекорд држи септември 2014 година, кога за две недели во затворот Идризово починаа тројца болни затвореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира