НАД 30 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ДИСКОТЕКА ВО КОЧАНИ, СТОТИНА ПОВРЕДЕНИ

    НАД 30 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ДИСКОТЕКА ВО КОЧАНИ, СТОТИНА ПОВРЕДЕНИпоред првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи над 100 млади луѓе се повредени. (Фото: ТВ Кочани/принтскрин)

    Синоќа се запали дискотека во Кочани и според проценки на екипите за спасување загинати се над 30 лица. Според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи над 100 млади луѓе се повредени, а најмалку 30 лица загинале во пожарот.

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово изјави дека во моментов заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се во Кочани, се работи на собирање на информации по што ќе дадат официјална информација.

    Обвинителството соопшти дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

    СЛЕДЕТЕ ГИ СДК.МК И НАШИТЕ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ЗА НОВИ ИНФОРМАЦИИ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира