НАДВОР ОД УМОТ Е ДА СЕ МЕНУВА ЗВРЛЕВСКИ, ВЕЛИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ

    НАДВОР ОД УМОТ Е ДА СЕ МЕНУВА ЗВРЛЕВСКИ, ВЕЛИ ИЛИЈА ДИМОВСКИ

    На денешното 11. продолжение на собраниската седница за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека Зврлевски не треба да се менува затоа што има шестгодишен мандат и треба да го одработи до крај. Менувањето на Зврлевски, кој беше избран пред четири години, ќе значи политичко замешување, тврди Димовски.

    „Јавниот обвинител на Република Македонија се бира со мандат од шест години, а не од четири години. Целта на Уставот е секогаш мандатот на оваа функција да преклопува повеќе мандати за да се обезбеди независност од актуелната политичка гарнитура. Секоја интенција, која што да бидеме искрени се случувала и досега, да се заврши предрвеме мандатот на носителот на функција при промена на распоредот на силите во парламентот, секој обид за промена на носители на функции е класична политика. Разрешување на вршител на функција значи политичко замешување. Надвор од умот е идејата да се смени јавниот обвинител, затоа што Уставот му овозможува да преклопи два мандата“, кажа Димовски во реплика на сопартиецот Иван Иванов.

    Остатокот од дискусијата меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата се одвива по стариот терк, со расправа за пожари, мигранти, законот за јазици, локалните избори, задолжувања…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира