Наградата „11 Октомври“, највисокото државно признание, денеска во Собранието свечено им беше врачена на годинашните добитници, писателот Драги Михајловски, поетот и новинар и Ристо Лазаров, актерот Перо Арсовски и хирургот Александар Ставридис.
Во името на наградените се заблагодари Лазаров, кој рече дека наградата им се доделува во едно деликатно време.
„Среде нова битка сме – за иднината. Онаа иднина на која Кочо Рацин и го знаеше името: Куќа цел свет братски ми е. Таа, иднината е избор на секоја победа. Стоиме, така, гордо, машки, пред високиот рид на вечната слобода, подготвени да кинисаме пругоре. На врвот, како планинарите што прават, сите ние, граѓаните од сите националности во татковинава, ќе го развееме македонското знаме сплотено со европското и неодложно ќе си припомниме на 11 октомври 1941. Тогаш се роди и знаменитата песна на Оцката Михајловски ‘А бре, Македонче’ и нејзиниот херојски, неизбришлив рефрен: ‘Македонско име нема да загине’. И нема да загине, без оглед кои било сејачи на магла и страв и нивните прокоби. Како што нема никогаш да згасне и слободарскиот факел на 11 Октомври“, рече Лазаров.