Невропсихијатарот д-р Методи Чепреганов, кој почина на 9 јули на 86 години, е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2022 за животно дело во областа на науката, соопшти Министерството за култура. Добитници на наградата за животно дело во областа на културата и уметноста се поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли, и сликарот Мицко Јанкуловски.
Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава, а годинава претседател на Одборот беше Џевдет Хајредини.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври во 12 часот во Собранието.