НАЈЧЕВСКА СО ЧАТАЛОТ ГО БОЕШЕ СОБРАНИЕТО, ПРОТЕСТОТ ЗАВРШИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈЧЕВСКА СО ЧАТАЛОТ ГО БОЕШЕ СОБРАНИЕТО, ПРОТЕСТОТ ЗАВРШИ

    Професорката Мирјана Најчевска со чаталот вечерва го боеше Собранието откако утрово доби казна од 50 евра за боење на протестите. Додека таа боеше демонстрантите во еден глас му пееја на поранешниот премиер Никола Груевски  „Слушај Грујо сега, Шутка не ти бега“ и за кусо време протестот заврши. Пред Собранието останаа само комуналците и полицајците.

    Пред да почнат со боење Ирена Штерјовска од специјалната единица за боење на Шарената револуција објасни зошто ги обележуваат институциите.

    „Во Советскиот сојуз, како што вели филозофот Милан Кундера, имало систем во кој ги терале уметниците да сликаат само пејсажи и фабрики. Но имаше Прашка пролет, уметниците го правеа реалсоцијалстичкото дело, а потоа со четките го уништуваа тоа дело бидејќи било грешка. Ова другари кај нас е систем на грешка. Ќе продолжиме да обележуваме се што е грешка на овој систем. И заплашувањата со информативни разговори е грешка, Министерството за култура е грешка. Ние сме тука да ги поправиме тие грешки“, рече Штерјовска.

     

    Специјланта единица за боење вечерва кај Министерството за правда ја засилија Фијат Цаноски, Петре Шилегов, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев

    Специјалнта единица за боење вечерва кај Министерството за правда ја засилија Фијат Цаноски, Петре Шилегов, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев

    На пат кон Собранието демонстрантите засилени со лидерот на опозицијата Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шеќеринска, портпаролот Петре Шилегов и претседателот на ПЕИ, Фијат Цаноски уште еднаш го обоија Министерството за правда.

    „Овде сме да се солидаризираме со сите другари и другарки кои се повикани во полициските станици и казнети со по 50 евра. Тука сме сите, сите фрлавме боја, нека не казнат сите. Не можат да не казнат сите и да не затворат. Оваа криминална Влада мора да падне“, рече Заев пред Министерството за правда каде вечерва се палеа факели и се  скандираше „Мафија на робија“ и „Шутка не ти бега Никола“.

    Антивладините демонстранти го почнаа протестот со поклон пред споменикот на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија. Положија свежо цвеќе во чест на 25 мај, кој во поранешната држава се празнуваше како Ден на младоста и роденден на претседателот.

    „Се пријавувам и јас сум хулиганка“ беше пораката на главниот транспарент вечерва , а специјалната единица за боење оставаше пораки на асфалтот секаде каде што поминуваа демонстрантите.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари