НАЈГОЛЕМ КРИМИНАЛ ИСПАЃА ДЕКА СЕ НАДОМЕСТОЦИТЕ ВО СЈО, А ВИЕ СУДЕТЕ ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ХРАБРОСТ ДА ГИ ГОНИ ВИСТИНСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, ВЕЛИ ФАТИМЕ ФЕТАИ

    НАЈГОЛЕМ КРИМИНАЛ ИСПАЃА ДЕКА СЕ НАДОМЕСТОЦИТЕ ВО СЈО, А ВИЕ СУДЕТЕ ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ХРАБРОСТ ДА ГИ ГОНИ ВИСТИНСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, ВЕЛИ ФАТИМЕ ФЕТАИОбвинителката Фатиме Фетаи рече вчера немало претрес во СЈО, туку обично барање за собирање документација.(Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Фатиме Фетаи вели дека испадна оти најголем криминал во државата се платите и надоместоците во СЈО, одговарајќи на новинарско прашање дали нема криминал во државава, бидејќи Обвинителството за организиран криминал и корупција не отвора ништо за актуелната власт. Таа кажа и дека е изненадена од брзината на реакцијата на сите институции да се истражат надоместоците во СЈО, но рече дека тоа вчера не било претрес во СЈО, туку обично барање за собирање документација. Се пошегува и зошто Европол не е вклучен во истрагата за надоместоците.

    „Колку што разбрав од колегите, немало никаков претрес во СЈО, туку барање за собирање документација врз основа на која јавниот обвинител би можел да определи што понатаму. Интересно е со која брзина… со светлосна брзина сите институции се јавија и изразија спремност да го истражат овој спорен момент, како да се работи за криминал на деценијата. Камо среќа со таква брзина да постапуваа сите институции во изминатиот период ќе немаше да има потреба од формирање на СЈО. Се чудам како до денес Европол не е вклучен во истрагата“, изјави Фетаи пред денешното судење за „Монструм“.

    Прашана дали во државава нема криминал, бидејќи Обвинителството за организиран криминал и корупција не отвора ништо за актуелната власт, таа одговори:

    „По сѐ изгледа, најголемиот криминал во последните години се платите и надоместоците во СЈО, а вие може сами да судите дали има или нема криминал. Или има, а се нема храброст да се гонат одредени лица за одредени кривични дела“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари