НАМАЛУВАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА РОДИТЕЛИТЕ ЧИИ ДЕЦА НАД ТРИГОДИШНА ВОЗРАСТ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    НАМАЛУВАЊЕ НА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА РОДИТЕЛИТЕ ЧИИ ДЕЦА НАД ТРИГОДИШНА ВОЗРАСТ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦА, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    Министерот за здравство Венко Филипче најави дека со Фондот за здравствено осигурување, со Клиниката за детски болести и со Институтот за белодробни заболувања ја разгледуваат можноста за намалување на трошоците за партиципација за родителите кои престојуваат во болниците со нивните деца, бидејќи според законските одредби, бесплатен е престојот само за родителите чии деца се на возраст до три години.

    Ова прашање здравствените власти го разгледуваат по реакциите на родителите на децата над тригодишна возраст, кои се мали и не може сами да се грижат за себе додека се во болница, а кои еден ден престој на Детска клиника или во болницата во Козле ги чини 900 денари, често и во несоодветни услови.

    „Разговаравме со Фондот за здравствено осигурување, Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања во Козле околу ова прашање, трошоците за престој на родителите за деца до 3-годишна возраст целосно ги покрива Фондот, а овој трошок на поголемите деца за родителите може да биде и значително голем ако престојот во болница е подолготраен. Се разгледуваат законските можности за намалување на тој трошок, бидејќи во тој трошок влегуваат и трошоците за оброкот на родителите. Но во секој случај, тој трошок ќе биде намален“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира