НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВО НЕОПРЕДЕЛЕНО, ЕДНА ОД ТОЧКИТЕ НА СОЦИОЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ВЛАДАТА

    НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВО НЕОПРЕДЕЛЕНО, ЕДНА ОД ТОЧКИТЕ НА СОЦИОЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ВЛАДАТАНа социо-економскиот совет се разговарало и за можностите за зголемување на просечната минимална плата (Фото: Влада)

    Намалување на вкупното време за трансформација на договорот на определено работно време во договор на неопределено време е една од точките за кои се разговарало на денешната седница на социоекономскиот совет на владата. Ова го кажа премиерот Зоран Заев, кој рече ова прашање се разгледувало во рамки на подготвката на новиот закон за работни односи, и дека при носење на соодветно решение ќе ги имаат и предвид и барањата на работодавачите.

    Тој рече дека разговарале и за зголемување на минималната плата, која како левичарска Влада ја зголемиле на 12.000 денари, односно дека зголемена минимална плата добиле околу 90.000 работници, а државата исплатила 77 милиони денари субвенции на компаниите.

    „Сериозно размислуваме и за ново зголемување на минималната плата оваа година. Во тек се консултации со сите засегнати страни да го најдеме најсоодветниот модел. денес тоа беше соодветна тема. Веруваме дека мај и јуни ќе ги искористиме за да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари“, рече Заев.

    На новинарско прашање кога ќе го исполни ветувањето минималната плата да биде 16.000 денари, а просечната да биде 30.000 денари, кога до крајот на мандатот има 1,5 година, а дел од работодавачите реагираат дека и оваа плата од 12.000 денари не можат да ја исплатат, тој рече дека во наредните десет месеци ќе има промени во економијата пред се поради евроинтеграциските процеси.

    „Сега минималната плата е 12.507 денари. Во моментот е отворен суштински дијалог. Не сакаме да изгубат компаниите, кои треба да бидат одржливи и да работат. Државата ќе направи исчекор со своите алатки, пред се со ликвидниот буџет, компаниите да освојат нови пласмани и нови пазари, работниците да ја зголемиме продуктивноста и да бидеме поконкурентни. Верувам дека ќе ги исполниме овие цели, кои значат и квалтетен живот. Не е недостижно минимална плата да биде 16.000 денари, а просечната 30.000 денари“, рече Заев.

    Тој кажа дека на денешната седница ги чуле барањата на сите страни и презеле обврски понатаму преку заеднички консултации со синдикатите и работодавачите да носат одлуки кои ќе бидат во интерес и на работниците и за развој на приватниот сектор.

    На прашањето дали вработените во фирмите на семејството Заеви се синдикално организирани тој кажа дека познава неколку луѓе од фирмите во кои работел, а се на неговото семејство кои се синдикални лидери и дека во поголемите фирми се синдикално организирани. Тој ги повика сите вработени да се организираат синдикално.

    „Како семејство кое преку своите фирми вработува над 1.000 луѓе аплирам сите да бидат синдикално организирани, бидејќи само така преку заеднички дојалог може да одиме напред“, рече Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира