Специјалното јавно обвинителство денеска покрена и втора истражна постапка под кодно име „Тендери“ против едно раководно лице од Министерството за култура и три лица од комисијата за јавни набавки од истото министерсто за кои постои основано сомнение дека ги злоупотребиле службената должност и овластувања да му овозможат на правното лице „Бетон Штип“ АД да изврши завршни градежни работи на Музејот на ВМРО за што биле исплатени 54.501.366 денари.
Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека првоосомничената, во телефонски разговор, договорила со директорот на „Бетон Штип“, да почнат со работа на музејот пред да биде распишан тендер со точно определени спецификации, кои само „Бетон Штип“ ќе ги исполнува.
За дел од осомничените СЈО ќе побара мерки за претпазливост.