НАМЕСТО ОД УТРЕ, НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ ТРЕБА ОД 30 ДЕКЕМВРИ

    НАМЕСТО ОД УТРЕ, НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА ЌЕ ТРЕБА ОД 30 ДЕКЕМВРИТАВ вели дека авиокомпаниите кои летаат од Скопје кон двата аеродроми во Истанбул, веќе ги известија патниците. (Фото: СДК.МК)

    Наместо од утре, 28 декември, како што беше првично најавено во петокот, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за влез во Турција ќе се бара од 30 декември (среда), соопшти Скопскиот аеродром за промената на одлуката на Турската влада. Примената на новата мерка ќе важи до 1 март 2021.

    Мерката важи за сите меѓународни патници кои сакаат да влезат во Турција по воздушен пат. Исклучок се децата до 6 години.

    Мерката се однесува и за патниците кои транзитираат низ Турција, според променетата одлука на турската Влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира