Дел од медицинскиот персонал во скопската болница „8 Септември“ утринава се собра пред канцеларијата на директорот Христијан Костов, барајќи поголема заштита, откако синоќа бил нападнат уште еден доктор. Нешто пред полноќ, роднина на пациент, Џ.Ф. (40) вербално нападнал докторка, потврдија од МВР. Директорот Костов ќе даде изјава во 12.30 со повеќе детали околу инцидентот.
Минатата недела, во кругот на Клинички центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, на кој присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, по серијата напади на медицински лица месецов. На протестот беше побарано да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството и да се најде системско решение за овој повеќегодишен проблем.
Е. БОЧВАРОСКА