НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СТИГНАТ 11.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

    НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СТИГНАТ 11.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИДополнителна пратка се очекува од европската комисија. (Фото: Архивска фотографија од вакцинирање против ковид-19)

    Наредната недела ќе стигнат 11.000 вакцини против ковид-19, најави министерот за здравство Арбен Таравари. По зголемениот број случаи на заразени со коронавирусот, наскоро ќе почне и вакцинација на оние граѓани кои сакаат да примат вакцина.

    „Наскоро односно најдоцна за 10 дена ќе стигнат 11.000 вакцини против ковид-19 кои ќе бидат донација. Очекуваме пратка и од Европската комисија која спроведува набавка за сите земји членки на Европската унија, а и Македонија е во тој пакет. И таа набавка е при крај“, рече министерот Таравари одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежните работи на центарот во аутизам во  Ѓорче Петров.

    Комисијата за заразни болести минатата недела препорача да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира