НАРОДНА БАНКА ИМА ОБВРСКА ДА НАБАВУВА МЕСЕН НАРЕЗОК ЗА КРИЗНА СОСТОЈБА, НА ОГЛАС БАРА КОМУ ДА ДОНИРА 75 КОНЗЕРВИ

    НАРОДНА БАНКА ИМА ОБВРСКА ДА НАБАВУВА МЕСЕН НАРЕЗОК ЗА КРИЗНА СОСТОЈБА, НА ОГЛАС БАРА КОМУ ДА ДОНИРА 75 КОНЗЕРВИКонзервите се набауваат како законска обврска во случај на криза - гувернерката Анита Бежоска (Фото: СДК.МК)

    Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) преку оглас донира 75 конзерви говедски месен нарезок. Бидејќи е необично главната монетарна институција на чие чело е Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, да располага со конзерви со храна, САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Народна Банка зошто донира говедски месен нарезок.

    Од НБРСМ ни одговорија дека како институција од јавен карактер, Банката на редовна основа има обврска да врши надополна на резервите кои согласно регулативата за управување со кризи, треба да се чуваат како резерва која би се користела во услови на кризна ситуација во Народната банка, кризна состојба или вонредна состојба во земјата, а за да се обезбеди непрекинатост на критичните работни процеси коишто се од јавен интерес.

    „Резервите секогаш се надополнуваат  преку постапка за јавна набавка, а извесно време пред истекот на рокот на употреба  се даваат како предмет на донација, за што на транспарентен начин, преку јавен повик, се спроведува постапка преку која се овозможува сите заинтересирани квалификувани баратели да достават барање за донација. Критериумите за барателите се во целост дефинирани и усогласени согласно со законските прописи“, одговори НБРСМ.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира