Народниот правобранител Иџет Мемети повика на посветеност и работа за целосна интеграција на лицата со посебни потреби заради остварување на нивните права, во пораката за Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3. Декември.
„Општество за сите“ е мотото под кое годинава се одбележува овој ден.
„Кон остварување на оваа цел сите треба да се стремиме за никој да не се почувствува дискриминиран, никој да не се почуствува различен од другите, исклучен. Тоа не обврзува сите нас да обезбедиме еднакви услови за остварување на правата во сите сфери – здравството, образованието, култура, вработувањето, остварување на избирачкото право… Тоа значи пристап до се она што значи живеење на еден нормален секојдневен живот без препреки/пречки“, вели Мемети.
Народниот правобранител апелира за остварување на оваа цел „да не бидеме посветени само еден ден, денес трети декември, туку и останатите 364 денови во годината“.
„Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии… Само на тој начин ке покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности“, вели Народниот правобранител.