Народниот правобранител ги истражува поднесените претставки од родители кои се жалат на злоупотреба на нивните деца во протестите кои деновиве се организираат во повеќе градови и ги предупредува сите инволвирани страни дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции. Од канцеларијата на Омбудсманот велат дека доколку се докаже дека одредени лица вработени во образовни институции биле поттикнувачи, за истите ќе бара најстроги казни, затоа што станува збор за деца кои според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита .
„Децата во никој случај не треба да бидат цел на манипулации и злоупотреби, а училиштата треба да бидам места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес. Оттука, Народниот правобранител водејќи се од најдобриот интерес на детето апелира и до наставниците и до родителите по никоја цена да не дозволуваат инволвирање на учениците во какви било собири и протести, а воедно ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат за спречување на ваквите појави“, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.
Истовремено, Народниот правобранител апелира веднаш да престане инволвирањето на учениците во протестите.