НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ БЕСПЛАТЕН БРОЈ 0800 54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ БЕСПЛАТЕН БРОЈ 0800 54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВОНародниот правобранител дежурни екипи ќе има и во неколку градови. (Фото: СДК:МК)

    Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг на претседателските избори и 11.парламентарните избори, ќе може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

    Освен на бесплатниотброј, ќе може да се пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, на улицата Македонија бр.19 во зградата на „Макошпед“, спроти спомен-куќата на Мајка Тереза.

    Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во Подрачните канцеларии: Струмица на (034)329-996, Кичево (045).228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на (047) 242-310, Штип на (032) 389-701 и во Куманово на (031) 431-488.

    Народниот правобранител заради заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира