НАШАТА ЈАВНОСТ Е ТАКВА, ПОВЕЌЕ ВЕРУВА НА ОБВИНЕТИ ОТКОЛКУ НА ОФИЦИЈАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, СЕ ПОЖАЛИ ИВАНОВ ПО СВЕДОЧЕЊАТА ЗА 27 АПРИЛ

    НАШАТА ЈАВНОСТ Е ТАКВА, ПОВЕЌЕ ВЕРУВА НА ОБВИНЕТИ ОТКОЛКУ НА ОФИЦИЈАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, СЕ ПОЖАЛИ ИВАНОВ ПО СВЕДОЧЕЊАТА ЗА 27 АПРИЛОд доделувањето Орден за заслуги на МОБ на поранешниот директор на културната институција Игор Дурловски, сега обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на 10 мај 2017 (Фото: Претседател на РМ)

    Претседателот Ѓорге Иванов вели дека сведочењата на обвинетите за организираниот напад во Собранието се обид да сврти вниманието од главните креатори на она што се случило на 27 април и да се пренасочи кон него и неговиот кабинет. Тој се пожали дека македонската јавност повеќе верува на обвинет, отколку на официјалните институции.

    „Ова е очаен обид да се сврти сето вниманието од главните креатори на сето тоа што се случило на 27 арпил и да се пренасочи кон претседателот и неговиот кабинет. Нашата јавност таква е, верува на обвинет, а не на официјални институции“, изјави Иванов, одговорајќи на новинарско прашање по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет“ на Сојузот на стопански комори на Македонија.

    За тврдењето на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа дека планирал да воведе воена состојба, но се повлекол под притисок на странски фактор, Иванов рече: „Нека се јават и нека кажат кој реагирал и кој барал јас да не воведувам воена состојба“.

    Во сведочењата на обвинети на судењето за 27 април неделава беа споменати претседателскиот советник за национална безбедност Синиша Алексоски и генералниот секретар на претседателскиот кабинет Борис Јосифовски како учесници во организацијата на нападот на Собранието. И двајцата негираат каква било вмешаност.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари