НАСТАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ВЕЛИ МОН ПО ВЛАДИНАТА ОДЛУКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТРУЈАТА

    НАСТАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, ВЕЛИ МОН ПО ВЛАДИНАТА ОДЛУКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТРУЈАТАМОН апелира за рационално користење на електричната енергија во сите образовни институции и установи. (Фото: К. Попов)

    Наставата во училиштата продолжува со физичко присуство, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Школите се префрлени во тарифата како домаќинствата, а Владата денеска ја продолжи мерката за субвенионирање на електричната енергија.

    Повеќе општини побараа да се учи онлајн или подолго да трае зимскиот распуст, за да се намалат трошоците за загревање.

    Од МОН велат дека владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците, со физичко присуство во училниците.

    „Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на младите“, вели МОН и апелира за рационално користење на електричната енергија во сите образовни институции и установи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира