НАСТАВНИЦИТЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА МЕНТОР И СОВЕТНИК, СО ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКА ПЛАТА

    НАСТАВНИЦИТЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА МЕНТОР И СОВЕТНИК, СО ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКА ПЛАТАНаставникот треба да има најмалку 7 години работно искуство. - Од стартот на учебната година. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Наставниците од основните училишта може да напредуваат во кариерата, стекнувајќи звања ментор и советник, што подразбира и стекнување на дополнителен паричен надомест, како дел од личниот доход од работниот ангажман, вели Министерството за образование и наука (МОН).

    Оваа законска одредба која се воведува за првпат, стартува со почетокот на 2021 година, и произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од Планот за темелна реформа на националниот образовен систем.

    Првиот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор е објавен на следниот линк. Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

    За да се пријави еден наставник на повикот, потребно е да исполнува неколку услови, односно да има најмалку 7 години работни искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

    Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку  www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 21 јануари, а резултатите  ќе бидат објавени најдоцна до 10 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира