НАТАША ГАБЕР, ЗВОНИМИР ЈАНКУЛОВСКИ И ЈОВАН ИЛИЕВСКИ УТРЕ НА ИНТЕРВЈУ ВО СУДОТ ВО СТРАЗБУР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАТАША ГАБЕР, ЗВОНИМИР ЈАНКУЛОВСКИ И ЈОВАН ИЛИЕВСКИ УТРЕ НА ИНТЕРВЈУ ВО СУДОТ ВО СТРАЗБУР

    Уставната судијка Наташа Габер, обвинителот за организиран криминал и корупција Јован Илиевски и амбасадор на Македонија во Ватикан Звонимир Јанкуловски утре се повикани на интервју во Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур. Ако поминат на интервјуто, Судот во Стразбур од тројцата кандидати треба да избере еден судија.

    Мирјана Лазарова – Трајковска е судија од Република Македонија во Стразбур, но нејзиниот мандат истекува во јануари.

    Одговорот дали поминале на интервјуто, тројцата кандидати од Македонија ќе го имаат кон крајот на октомври годинава.

    Ова е вторпат комисијата предводена од МНР да испраќа листа од тројца кандидати од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, на местото на судијата Мирјана Лазарова – Трајковска. Од првата тура остана само Јован Илиевски. Останатите двајца кандидати не поминаа кај Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа, па поради тоа листата ја врати во Македонија.

    Од кандидатите, освен што се бара нивната досегашна пракса, искуство и резултати во работењето на судски предмети, на интервјуто се утврдува и колку ги познаваат двата службени јазика на Европскиот суд, францускиот и англискиот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира