НАТО ДОНИРАШЕ 60 РЕСПИРАТОРИ ЗА ТРАНСПОРТ НА КОВИД-ПАЦИЕНТИ ВО БРЗА ПОМОШ, ЗЕМЈАВА СЕГА ИМА 266 РЕСПИРАТОРИ

    НАТО ДОНИРАШЕ 60 РЕСПИРАТОРИ ЗА ТРАНСПОРТ НА КОВИД-ПАЦИЕНТИ ВО БРЗА ПОМОШ, ЗЕМЈАВА СЕГА ИМА 266 РЕСПИРАТОРИМинистерот за здравство Венко Филипче ја прими донацијата заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на настанот присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (Фото: Министерство за здравство)

    Шеесет респиратори, во вредност од 1.4 милиони евра стигнаа денес во земјава, како донација од НАТО Доверителниот фонд. Министерот за здравство Венко Филипче при приемот на донацијата на Скопскиот аеродром рече дека станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила, при  транспортот на пациентите од една болничка установа во друга.

    „Голема благодарност до НАТО сојузот, посебно САД, кои од почетокот на кризата донираа и заштитна и медицинска опрема без којашто навистина тешко ќе можевме да го менаџираме овој голем здравствен предизвик, оваа голема здравствена криза. Оваа донација значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент“, рече министерот.

    Од Министерствoто за здравство велат дека на почетокот на епидемијата, јавното здравство имаше на располагање 120 респиратори. Од нив, 90 беа во градот Скопје, а останатите 30 во јавно-здравствените установи низ земјава.

    Како донација во изминатиот период пристигнаа респиратори од Европската Унија (20), од четири македонски компании (85 неинвазивни респиратори), Норвешка (20) мобилни респиратори, приватна донација од  Бугарија (3) УНИЦЕФ (10), Германија (8).

    Респираторните машини како донација се распределени на Инфективната клиника во Скопје, Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, Клиниката за неврохирургија, како и инфективните одделенија во здравствените установи во Струмица, Штип, Битола, Тетово, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Охрид, како Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.

    Во моментов, вели Министерството, на респиратор се приклучени само 2 пациенти кои се лекуваат во „8 Септември“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира