НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ 78 ПРОЦЕНТИ ОД ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ

    НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ 78 ПРОЦЕНТИ ОД ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИИ 67% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. (Фото: СДК.МК)

    Смртноста кај невакцинираните од ковид-19 е драстично поголема, покажува анализата анализата на Министерството за здравство. Во период од 6.08. до 30.12.2021 на територија на државата починале 2.447 болни од коронавирус, 1.913 пациенти од починатите не биле вакцинирани или 78 проценти, а 22 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

    Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓани се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле од болеста. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

    Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и дека секоја вакцина е безбедна. Апелираат до граѓаните да се вакцинираат, само така ќе се стигне до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации коронавирусот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира