НЕ ДАВАМ ОСТАВКА, ОВА Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА СДСМ, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    НЕ ДАВАМ ОСТАВКА, ОВА Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА СДСМ, ВЕЛИ МИЦКОСКИПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за иницијаторите на барањето за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се луѓе од криминално-политичкото подземје, седнати во скутот на Заев. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по синоќешниот избор на владата на Зоран Заев во Собранието, кажа дека тоа е почеток на крајот на СДСМ. На пладневната прес-конференција пред партиското седиште, Мицкоски кажа дека власта ќе паѓа на рати и нема да го дочека крајот на својот четиригодишен мандат.

    „Ова е почеток на крајот на СДСМ. Ова власт ќе паѓа на рати, нема да го дочека крајот на мандатот. Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на Заев“, изјави Мицкоски.

    За барањата за вонреден конгрес, тој рече дека такво барање нема стигнато во архивата на партијата, а за иницијаторите на барањето за вонреден конгрес рече дека се луѓе од криминално-политичкото подземје, седнати во скутот на Заев.

    Најави и дека на СДСМ и на Зоран Заев им претстои жешка есен. На крајот повтори дека би било кукавички сега тој да си даде оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира