НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ БИЛАТЕРАЛНИТЕ СПОРОВИ МЕЃУ ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ И КАНДИДАТИТЕ ДА СЕ ПРЕНЕСАТ НА ЕВРОПСКО НИВО, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТ ЗА БУГАРСКАТА БЛОКАДА ЗА МАКЕДОНИЈА

    НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ БИЛАТЕРАЛНИТЕ СПОРОВИ МЕЃУ ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ И КАНДИДАТИТЕ ДА СЕ ПРЕНЕСАТ НА ЕВРОПСКО НИВО, КАЖА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТ ЗА БУГАРСКАТА БЛОКАДА ЗА МАКЕДОНИЈАГерманскиот министер за Европа Михаел Рот рече дека сè уште е оптимист за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија до крајот на германското претседателство со ЕУ. - Рот со премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Скопје на 10 мај 2018. (Фото: СДК.МК)

    Германскиот министер за Европа Михаел Рот кажа дека Европската комисија и Германија нема да дозволат билатерални спорови меѓу земја-членка на ЕУ и земја-кандидат за членство да се пренесат на европско ниво, по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на кој Бугарија не ја одобри преговарачката рамка со Македонија. Германскиот министер рече дека сè уште е оптимист за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија до крајот на германското претседателство со ЕУ.

    „Оптимист сум дека со добра волја и храброст може да се надминат проблемите. На Западен Балкан му треба јасен сигнал дека сме со него и дека ќе ги исполнуваме ветувањата кога ќе се завршат домашните задачи“, рече Рот.

    Рот кажа дека само Бугарија од сите 27 членки на ЕУ го блокирала усвојувањето на преговарачката рамка, а со тоа и одржувањето на првата меѓувладијна конференција на ЕУ и Македонија, откако биле отфрлени бугарските барања за вклучување на историски спорови во рамката.

    „Сакаме да ги тргнеме од патот сите пречки за да успееме уште за време на нашето претседателствување да ги започнеме меѓувладините конференции. Но, сега не е време билатералните проблеми, кои во ова кратко време не успеавме да ги решиме, да ги пренесуваме на европско ниво. Мора како ЕУ да испратиме јасен сигнал на доверба кон Западниот Балкан, и притоа, како на Северна Македонија, така и на Албанија, кои многу сработија, да им го отвориме патот кон ЕУ”, рече Рот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира