НЕ Е НЕЗАКОНСКИ ПАРИ ДА СЕ ДАВААТ ВО ПЛИК, БАРАМЕ НАЧИН ДА ГИ СТИМУЛИРАМЕ БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    НЕ Е НЕЗАКОНСКИ ПАРИ ДА СЕ ДАВААТ ВО ПЛИК, БАРАМЕ НАЧИН ДА ГИ СТИМУЛИРАМЕ БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев најави дека сака овој проблем да го реши до 1 јули, кога стартува повратот на данокот на додадена вредност за физичките лица (Фото: МИА)

    Премиерот Зоран Заев изјави дека се разгледуваат неколку модели како да се натераат бизнисмените на вработените да не им даваат пари на рака и со тоа да избегнуваат плаќање придонеси, иако, според него, тоа не е незаконски. Тој присуствуваше на состанокот во Сојузот на стопански комори, каде што дел од бизнисмените се пожалија токму на сивата економија.

    „Сите знаеме дека сите даваат пари во плик и тоа не е незаконски, бидејќи бизнисмените ги обезбедуваат тие пари, си плаќаат персонален данок и данок на добивка и тоа се нивни пари. Тие слободно располагаат со тие пари и буквално ги честат работниците со тие пари. Суштината е што тука не се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско. Тоа е една отворена можност во законот што им е дадена“, рече Заев.

    Тој би сакал овој проблем да се реши до 1 јули, кога стартува и повратот на данокот на додадена вредност за физичките лица.

    „Неколку варијанти се разгледуваат, работиме на два правци. Целта е луѓето да бидат демотивирани да ги вадат овие пари од своите сметки и да ги даваат во кеш, туку да ги дадат како бруто плата и тоа ништо да не ги чини, дури и помалку. Но, сакаме притоа и фондовите да растат, за пензиско и здравствено, затоа што амбицијата е да растат и пензиите, не само платите. До средината на јуни ќе утврдиме како ќе настапиме и од први јули да стартуваат“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира