НЕ Е СКРШЕН ЗАКОНОТ СО ТОА ШТО ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ЌЕ БИДЕ ОД ПОМАЛАТА ДУИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАНДАТОТ ГО ДАВА НА КОАЛИЦИЈА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

    НЕ Е СКРШЕН ЗАКОНОТ СО ТОА ШТО ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ЌЕ БИДЕ ОД ПОМАЛАТА ДУИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МАНДАТОТ ГО ДАВА НА КОАЛИЦИЈА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИСметам дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која ќе работи сто дена, рече Ковачевски. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не е прекршен Изборниот законик со тоа шт место да биде предложен технички премиер од најголемата владејачка партија СДСМ , како што е пропишано, предлогот е тоа да биде од помалата коалициона партија, во случајов ДУИ.

    „Прво, не се крши законот затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот што го доделува претседателот на државата, тој го доделува на коалиција. Таа е онаа која што има најмалку 61 пратеник во Собранието, така се доделува мандатот. Така што, со тоа ништо не се крши. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска што како што е за мене законска обврска да поднесам оставка 100 дена пред избори, со што целата влада е практично во оставка. Обврска на сите политички партии е да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа ќе имаме демократски процес на кој нема да има ниту една дамка. Сметам дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која ќе работи сто дена“, потсети Ковачевски дека учеството на парламентарните партии не е желба, туку обврска пропишана со закон.

    Премиерот денеска беше на настан организиран од Институтот за комуникациски студии за транспарентност и отчетност, за да се најде начин како да се врати довербата во јавните институции, која е срозана.

    „Како премиер и како човек ги сакам бројките, па ќе кажам дека Владата била транспарентна 25 отсто во 2016 година, а во последниве години има стопроцентна транспарентност на Владата“, кажа Ковачевски по што по години набројуваше колку прашања биле поставени и колку одговорени од Владата.

    Зборувајќи за важноста на медиумите за отчетноста на Владата, но и за алка без која не може да се врати довербата на институциите кај граѓаните, Ковачевски го кажа своето мислење дека е потребна регулација на електронските медиуми, но оти тоа не треба да го прават судовите или Владата, туку новинарските организации.

    „Да се одреди што е медиум, а што не е, кој е новинар, кој не. Но тоа не треба судовите да го прават, туку исклучиво новинарските здруженија и организации“, кажа Ковачевски.

    Амбасадорот на Обединетото кралство, Метју Лосон, кажа дека за граѓаните е многу важно да видат како се трошат нивните средства, а за тоа е најважна транспарентноста, алатките преку кои може да се видат тие податоци и секако, новинарите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира